Petek, 20.5.2022, ob 19. uri
MaKuC Sv. Ciril in Metod, Sejmiška 3, Kranj
• Otvoritev razstave akademske slikarke mag. Irene Jeras Dimovske
Petek, 27.5.2022, ob 19. uri
MaKuC Sv. Ciril in Metod, Sejmišče 3, Kranj
• Gledališka predstava v živo, monodrama Poslednata lenta na Krap v
produkciji, režiji in izvedbi Djordji Jolevskega in ekipe Makedonskega
narodnega teatra iz Skopja
VSTOP PROST / ВЛЕЗ СЛОБОДЕН
Не одам во театар, или многу ретко одам. Не играм во него веќе две децении, што би рекол еден мој мил пријател – ти не си веќе актер. И ќе се согласам со него.
Пред некоја вечер сепак отидов во театар и за време на претставата посакав да заиграм. Не знам дали тоа беше поради моите неизбришливи сеќавања и вредности за тоа што е театар, што во мигот ме обземаа, или заради актерот, којшто ми врати верба дека театарската уметност е жилава и сеуште пркоси!
Подгазените чевли, што некогаш биле сјајни и модерни, што ги влечкаше Крап, правејќи рамномерна бучава на театарскиот под, беше часовникот на нашите животи. Ѓорѓи Јолевски ни ги оживеа последните мигови од животот на старецот и ни упати порака дека сите одиме во тој правец, онаму каде само ако ја испружиме раката ќе можеме да ги допреме предметите пред нас, зашто виделото згаснало. Хуморот во претставата всушност беше болната вистина за човекот. Кога сме бебиња од нас се изнудуваат насмевки, а кога сме на крајот од животната патека ги засмејуваме сите наоколу, без трунка напор. Ги забораваме бананите заклучени во фиока, штедро ги чуваме клучињата од сите фиоки, во кои сме го складирале минатото, со по некоја заборавена дребулинка. Но, во таа сенилност и одртавеност тлее сепак еден единствен миг од младоста што сме го заклучиле со невидливо катанче во нас. Љубовта и страста единствено, оставиле некоја лузна, која знае да заболи при промена на време. Миговите од младоста во старечката сенилност, се само мигови меѓу суровата реална потреба да се пивне и касне, за да се продолжи апсурдната агонија на стареењето. Влечките на Крап што одекнуваа на даските што живот значат, ја оживеаја во мене желбата да застанам на сцената, до мојот долгогодишен колега, партнер и брат на сцената, Ѓорѓи Јолевски, за да можам барем за миг и јас да бидам еден од ликовите што заедно ги градевме, пред повеќе од 20 години. Јас не познавам никого како Ѓорѓи, кој со својата игра, работа, жилавост, духовитост, предаденост и талент му е посветен на театарот. Моето спознание за театарот е врзано за неговата енергија и дух, а најмногу вербата, без трунка сомнеж внесена од него во секој лик што го игра.
Ако некој ме праша нешто за театарот, мојата прва асоцијација е Ѓорѓи. Исто како и онаа лента на Крап, ролна 3 лента 5, заглавена вечно во неговото сеќавање.
(впечаток од монодрамата „Последната лента на Крап“ , со Ѓорѓи Јолевски)
Проф. М-р. Синоличка Трпкова – актер
Професор по актерска игра пред камера на
Факултет за драмски уметности – Скопје
Nedavni komentarji